-->
-->
Јапонскиот Парламент усвои закон што на императорот Акихито му дозволува да абдицира од тронот
-->
Јапонскиот Парламент денеска усвои закон што на императорот Акихито му дозволува да се откаже од тронот и да му го предаде на својот најастар син, принцот Нарухито, што ќе биде првата абдикација во Јапонија во последните над 200 години, соопшти ТАСС.
Во гласањето учествуваа 235 од вкупно 242 пратеници во Горниот дом и сите го поддржаа понудениот документ.
Законот се однесува единствено за 83-годишниот Акихито, кој треба престолот да му го предаде на својот 57-годишен син Нарухито, во рок од три години по неговото влегување во сила.
Акихито минатата година даде изненадувачка изјава, во која изрази стравување дека заради својата напредната возраст нема да биде способен да ги исполнува своите императорски обврски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина