Јавен повик за нова кредитна линија за компании погодени од енергетската и ценовната криза
Микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и ценовната криза од 26 декември 2022 година ќе можат да аплицираат за средства од новата кредитна линија наменета за обртни средства. Јавниот повик ќе трае 15 дена, а барањето за кредит субјектите може да го достават електронски на посебна е-маил адреса.
-Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51 отсто, како што е објавено во јавниот повик, информираат од Развојна банка на Северна Македонија.
Оттаму посочуваат дека минималниот износ на кредит е 185.000 денари, додека максималниот износ на кредит е 1.845.000 денари за микро, мали и средни трговски друштва односно 615.000 денари за трговци поединци и занаетчии. Рокот на отплата е од 18 до 36 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи. Каматната стапка е 2 проценти.
– Јавниот повик е објавен денеска, 19.12.2022 година, и ќе трае 15 дена сметано од 26 декември 2022 година од 09:00 часот до 9 јануари 2023 година до 09:00 часот. Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат на е-маил адресата eckriza@mbdp.com.mk по принципот прв дојден, прв услужен, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице