Јавна расправа за говорот на омраза кон жените во политиката

Јавна расправа на тема: Говорот на омраза насочен кон жените во политиката ќе одржи денеска Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието во соработка со Клубот на пратенички.
Покрај членовите и замениците членови на Комисијата, на јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието, претставници на Министeрството за труд и социјална политика, Интер-ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, координаторките за еднакви можности на министерствата, локалните комисии за еднакви можности. Учесници ќе бидат и претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (Un Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, медиумите, експерти, претставници на дипломатските кор во земјава, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.
Ново на Сител
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
