Македонија
3. October 2017 - 9:22

Јавна седница за „Монструм“ во Врховен суд

Во Врховниот суд денеска треба да се одржи јавна седница за случајот „Монструм“.

Претходно, седницата требаше да се одржи на 12 септември, но беше одложена поради тоа што полицијата не донела еден од петмината осудени за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

Врховните судии на јавна седница треба да ги разгледаат жалбите за доживотните затворски казни, кои на осудените им ги изрече Основниот суд, а ги потврди и Апелацискиот суд. Седницата досега беше неколку пати одложувана. 

Во случајот пред Врховниот суд постапува обвинителката Лилјана Спасовска, која неодамна беше назначена за вршител на должноста државен јавен обвинител на местото на разрешениот Марко Зврлевски.

Петтемина обвинети беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро, кое се случи на 12 април 2012 година.