„Јавна соба“ затворена – корисниците си отворија нова

Телеграм ја затвори скандалозната група „Јавна соба“. Но на мрежата се појави нова слична група со иста намена – објавување фотографии и лични податоци од девојки од Македонија.
Полицијата вчера приведе четворица членови на групата кои праќале експлицитна содржина. Истрагата продолжува и се очекуваат нови апсења.
Премиерот Зоран Заев рече дека доколку Телеграм не соработува со властите во Македонија се разгледува опцијата за целосно блокирање на апликацијата во земјава.
Во меѓувреме, студенти од Правниот факултет на жртвите им нудат бесплатна правна помош. Психолошка поддршка понудија и 30-тина психолози.
Со оглед на тоа што и случајот „Јавна соба“ од минатата година се уште е заглавен во правосудните органи, граѓани потпишуваат онлајн петиција за Јавното обвинителство да постапи по случајот. Претставка ќе биде поднесена и до Народниот правобранител.
Ново на Сител
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
