Јавниот долг на Хрватска се зголеми на 86,4 проценти од БДП
– На крајот на септември 2020 година, јавниот долг на Хрватска изнесуваше 325,2 милијарди куни (46,58 милијарди евра), што е за 11,2 проценти повеќе отколку на крајот на 2019 година, покажуваат последните податоци на Хрватската народна банка (ХНБ).
Растот на јавниот долг главно се должи на зголемената јавна потрошувачка како резултат на борбата против пандемијата на Ковид-19, а аналитичарите во Рајфајзен банка Австрија (РБА) забележуваат дека неговото учество во БДП е 86,4 проценти, пренесува порталот „Сеебиз“
Во споредба со крајот на 2019 година, хрватскиот јавен долг во септември 2020 година беше поголем за 32,8 милијарди куни (4,33 милијарди евра), а во споредба со август беше повисок за 462,8 милиони куни (61,21 милиони евра), или за 0,1 процент.
Според проекциите на аналитичарите на РБА, потребите за финансирање на хрватскиот буџетски дефицит и финансиските обврски што се должат оваа година изнесуваат околу 17 проценти од БДП.
Ново на Сител
-
Со 2,1 милион денари ќе зацврстува иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари