Јавноста исклучена од судењето за Рекет

Аудио разговорите обезбедени од осудениот Зоран Милевски ќе се слушаат зад затворени врати во големата судница на Кривичниот суд.
Ова го побара обвинителката Вилма Русковска која рече дека во разговорите се слушаат имиња на луѓе чиј углед може да биде нарушен.
Жестоко реагираа обвинетите.
Катица Јанева рече дека ги слушнала разговорите и нема ништо загрижувачко во тие снимки, ви гарантирам, додаде поранешната специјална обвинителка.
И Јовановски побара новинарите да останат во судницата.
-Треба да се остави јавноста за да се спречат шпекулациите за тие фамозни снимки, иако ниту јас ги имам слушнато, рече во судницата Јовановски.
Ова не ја премисли судијата Васка Николовска Масевска па одлучи снимките да се презентираат без присуство на новинари. Појасни дека не е целта снимките да ги слушне јавноста туку со нив да се убеди судечкиот совет.
Снимките со аудио разговори траат околу 2 часа. Ќе се слушаат во судница откако вчера обвинителката Русковска рече дека ќе се презентираат и тие разговори поради барањето на обвинетите иако според Русковска, тие немаат поврзаност со случајот Рекет.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
