Јемен: Во самоубиствен напад убиени 45 лица

Најмалку 45 лица загинаа, а десетици се повредени во двоен напад на бомбаш-самоубиец во редот за регрутација на војници на пристаништето Аден во јужен Јемен, соопштија денеска локалните власти.
Напаѓачот го активирал појасот со експлозив откако застанал во редот пред регрутниот центар во близина на воената база Бадр во населбата Кормаксар, каде во моментов е базирана Владата на претседателот на Јемен Абедраб Мансур Хади, јавува Танјуг.
Јеменскиот сајт „Аден ал-Гад“ прикажа фотографии од војници кои ги креваат од земја своите убиени колеги во униформи, додека сведоците наведуваат дека виделе како амбулантна кола ги пренесува повредените од самото место. Во нападот се повредени околу 60 лица.
Аден е привремена престолнина на јеменската Влада, која има поддршка од Саудиска Арабија, и се обидува да ја врати под контрола својата престолнина Сана од вооружените бунтовници Хути.
Ново на Сител
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
