Јенел: ЕУ и Турција се уште можат да ја спасат спогодбата за бегалците

Европската Унија и Турција во минатото ги надминуваа проблемите и се уште можат да ја сочуваат спогодбата за решавање на мигрантската криза што е од клучно значење, изјави денеска турскиот амбасадор во Брисел, Селим Јенел.
Во интервју за АФП, кое го пренесува Танјуг, амбасадорот Јенел изјави дека ЕУ не треба да стравува дека нешто ќе изгуби заради приближувањето на Анкара и Москва.
- Јас секогаш сум оптимист, рече Јенел, одговарајќи на прашањето за иднината на мигрантскиот договор меѓу ЕУ и Турција.
„До септември мислам дека ќе успееме да пронајдеме решение, рече тој.
По повод прашањето на смртната казна за чие воведување се зборуваше по обидот за пуч во Турција, Јенел кажа дека жестоката реакција на ЕУ на тоа била избрзана.
-Само расправаме за тоа. Тоа не е дури ни тема во Парламентот. Ги знаеме нашите меѓунаридни обврски. Знаеме што ќе се случи доколку воведеме смртна казна, рече амбасадорот.
Анкара повеќе пати предупредуваше дека може да се повлече од мигрантската спогодба доколку Европа до октомври не ги укине визите за турските државјани.
Јенел ги отфрли шпекулациите дека врските меѓу Анкара и Западот можат да бидат загрозени по вчерашната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Москва.
Тој објасни дека во 1997 година односите меѓу Анкара и Брисел биле „многу полоши“, кога Турција на две години го прекина секој политички дијалог со ЕУ.
- Сите имаме минато тешки периоди. Ова не е така лошо, рече тој.
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои сите се изгаснати
-

Сестрата на Ким Џонг Ун и се закани на Јапонија, рече дека ќе зажалат
-

Голем руски ракетен напад врз Киев, најмалку 14 лица загинаа, а 22 се повредени
-

Сончево и многу топло
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
