Јермак: Руската економија ќе биде уништена од ограничувањето на цената на нафтата
Економија на Русија ќе биде уништена со претстојното ограничувања на цената на руската нафта на 60 долари за барел, според договорот што го постигнаа земјите од ЕУ, Г7 и Австралија, изјави претставник на украинското претседателство.
– Ние секогаш ја постигнуваме нашата цел и руската економија ќе биде уништена и ќе плати, ќе одговара за сите свои злосторства, напиша на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.
Тој додаде дека цената на нафтата требало да се ограничи на 30 долари за барел за „побрзо да се уништи Русија“.
Земјите-членки на ЕУ вчера постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, што е клучен чекор во опсегот на западните санкции, кои имаат за цел да го преобликуваат светскиот пазар, како и да и отежнат на Русија со приходите од нафтата да ја финансира војната против Украина. Ограничувањето на цената од 60 долари за барел беше прифатено и од Г7 и од Австралија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти