Јилдирим: Договорот од Астана го отвора патот за политичко решение на кризата во Сирија
Турскиот премиер Бинали Јилдерим денеска изјави дека спогодбата меѓу Русија, Турција и Иран за набљудување на примирјето во Сирија е „сериозен успех на дипломатијата“, пренесоа американските медиуми.
Според Јилдерим, спогодбата може да го отвори патот за политичко решение на кризата во Сирија.
Трите земји вчера соопштија што е договорено во Астана, во Казахстан, на крајот од дводневните преговори за Сирија меѓу сириската Влада и вооружената опозиција.
Јилдерим изјави дека по Астана „почнува работата“ за преговорите за Сирија, планирани на 8 февруари во Женева под агенда на ОН.
Турскиот премиер посочи дека политичкото решение за Сирија треба да ја вклучува новата сириска администрација, задржување на територијалната целост на земјата и претставување на сите групи.
Јилдерим не го спомена сирискиот претседател Башар ал-Асад, забележа американските медиуми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест