Јилдирим: Руско-турските односи се нормализираат со брзо темпо
Односите меѓу Москва и Анкара се нормализираат со брзо темпо, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим при разговорот со претседателот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко, јави ТАСС.
- Оставивме зад нас период кој донесе големи ограничувања за нашите земји, наведе Јилдирим.
- Нашите односи се нормализираат со брзо темпо. Многу е лесно да се расипат односите, а да се повратат е многу тешко, нагласи тој.
- Понекогаш за неколку минути се губи она што е создавано со години наназад, истакна турскиот премиер.
Според мислењето на Јилдирим земјите извлекле лекција од инцидентот.
- Многу е загубено за Турција и од Русија за тоа време, и треба да се прават големи напори за да биде покриен тој дефицит, порача турскиот премиер.
Истовремено, претставникот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека на денешната средба меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и турскиот премиер Бинали Јилдирим е можно да биде разгледана ситуацијата во Сирија, но главна тема на средбата ќе бидат претстојните контакти на рускиот лидер со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
Ново на Сител
-
Почнаа преговорите со САД за намалување на високите царини кои ни ги наметна Трамп
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени