Свет
15. March 2017 - 11:39

Јилдирим: САД работат поинтензивно на плановите за операцијата во Рака

Турскиот премиер Бинали Јилдирим наведе дека САД почнале да работат поинтензивно на плановите за операцијата во Рака, но дека Анкара очекува Вашингтон да се откаже од соработката со сириските курди.

- Се прави подготовка за операцијата во Рака и САД ги засилуваат подготовките. Нашата позиција е јасна: им кажавме да се откажат од соработката со организации, кои ние ги нарекуваме терористички - Партијата на демократскиот сојуз и Силите за заштита на народот.  Мислам дека во текот на наредните денови ќе биде донесена одлука, изјави Јилдирим за телевизијата „Хабертурк“. 

Анкара неодамна му предложи план на Вашингтон за прочистување на Рака од борците на Исламската држава, потсетува ТАСС.