Јилдирим: Турција со Русија и САД ја разгледува операција во Рака

Турција ја разгледува со Русија и САД операцијата за ослободување на сирискиот град Рака, но нема да учествува доколку во операцијата бидат вклучени курдите, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.
- Турција успешно ја заврши операција во Ал Баб, укажувајќи и поддршка на Слободната сириска армија, Сега продолжуваат преговорите со Русија, САД и коалицијата по прашањето за ослободување на Рака од борците на Исламската држава. Се уште немаме донесено одлука по тоа прашање, нагласи Јилдирим во турскиот Парламент.
Тој истакна дека Турција сепак донела една одлука по тоа прашање.
- Ако терористичката група - Сили за заштита на народот и Партијата на демократскиот сојуз, што се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), бидав вклучени во операција во Рака, ние нема да учествуваме. Нема да се движиме „рамо до рамо“ со терористи, наведе Јилдирим.
Ново на Сител
-

Во угостителски објекти во Тетово пронајдени дрога и ладно оружје
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
