ЈК Травел и СОС Детско Село ја продолжуваат кампањата „Ти летуваш – ЈК Травел донира на СОС Детско Село“

ЈК Травел и СОС Детско село, потпишаа договор за продолжување на кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира на СОС Детско Село“.
И оваа година, ЈК Травел, како општествено одговорна компанија, и лидер на пазарот во туризмот, се обврза да донира средства за СОС Детско Село, со секој уплатен аранжман, а воедно со тоа да даде и директна поддршка на сите деца и згрижувачки семејства од оваа институција.
„Благодарност до нашиот партнер ЈК Травел што втора година ја реализира оваа кампања.

За нас од СОС Детско село ваков тип на кампањи помагаат во зголемување на свесноста за нашата кауза кај пошироката публика но и претставува важна потпора за обезбедување на квалитетна поддршка на над 75 згрижувачки семејства и над 120 деца и млади..”- велатод СОС Детскосело.
ЈК Травел, оваа година го слави својот осумнаесети роденден, а кампањата одлучи да ја започне со потпишување на договор за донација на СОС Детско Село со секој уплатен туристички аранжман.

„На овој начин сите лојални клиенти кои низ изминативе осумнаесет годините летуваат со ЈК Травел се директни поддржувачи на оваа донација, за што сме искрено благодарни“ – изјавија од ЈК Травел.
Кампањата е предвидено да трае три месеци, со што се опфаќа и летната туристичка сезона кога има најголем број на туристички аранжмани, а донацијата ќе биде од помош за СОС Детско Село, институција која на многу пати покажала дека хуманоста и грижата за децата значи основа за унапредување на општеството и воспоставува стандарди кои се за восхит.
Воедно, ова е повик и до останатите компании од Македонија да се вклучат активно во поддршката на здруженијата кои имаат потреба од помош, бидејќи заедно можеме да изградиме подобар свет за нашите деца, да промовираме хумани вредности и грижа како темел на успехот на сите нас.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
