Јолевски – Бенко: Продолжува унапредувањето на соработката меѓу Македонија и Унгарија

Унапредувањето на соработката помеѓу Македонија и Унгарија, интензивирањето на заедничката обука и вежби со припадниците на двете армии, членството на Македонија во НАТО и предизвиците и потребите за интензивни контакти во однос на мигрантската криза беа темите на кои денеска во Министерството за одбрана разговараа министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Унгарија, генералот Тимор Бенко.
- Република Македонија во Унгарија гледа искрен пријател и поддржувач, особено кога станува збор за исполнување на стратегиските цели на државата, членството во НАТО и Европската Унија, истакнал министерот Јолевски на средбата.
Како што соопшти Министерството за одбрана, Јолевски е исклучително задоволен од билатералната одбранбена соработка, што вклучува и интензивни средби на највисоко ниво. Во тој контекст, министерот Јолевски ја отворил можноста за користење на центрите во Македонија, армискиот полигон Криволак, Воената академија, НАТО - Центарот за односи со јавноста, Военомедицинскиот центар и Центарот за обука на пилоти.
Во однос на предизвиците од мигрантската криза, Јолевски изразил благодарност за поддршката што Македонија ја добива од Унгарија, како и за подготвеноста за утврдување заедничка сеопфатна и координирана стратегија, што за Македонија претставува единствениот излез од оваа криза која го зафати континентот.
Генералот Бенко на средбата посочил дека Унгарија и нејзините вооружени сили се подготвени за уште поголемо интензивирање на соработката со Армијата на Република Македонија.

- Благодарни сме на Македонија, на македонската Армија и на Министерството за одбрана за сè што направија досега, вклучувајки го и справувањето со мигрантската криза. Ние ќе продолжиме да бидеме искрени поддржувачи на Армијата, и на Република Македонија, на патот кон полноправно членство во НАТО. За нас е многу важна стабилноста на Западен Балкан. Позицијата на Унгарија, која впрочем е и иницијатор на неформалната група земји на земјите од Западниот Балкан кои претендираат да бидат членки на НАТО, отсекогаш била дека Република Македонија одамна го заслужи местото како полноправен член на Алијансата, додал генералот Бенко на средбата.
Ново на Сител
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
