Јолевски на министерски состанок на А5 и процесот СЕДМ во Дубровник

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски денеска и утре ќе учествува на Сеопфатниот регионален министерски состанок во формат А5-Јадранска повелба и процесот СЕДМ, што ќе се одржи во Дубровник, Република Хрватска.
На состаноците на САД-Јадранската повелба и на процесот СЕДМ, министрите за одбрана ќе разговараат за проектите и активностите во одбраната и безбедноста, како и за можното заедничко учество во мировни операции, особено оние предводени од Обединетите Нации.
Како што е најавено, се очекува министерот Јолевски на маргините на состанокот да оствари повеќе средби, меѓу кои и со Евелин Фаркаш, заменик-помошник на Секретарот за одбрана на САД, министерот за национална одбрана на Турција, Исмет Јилмаз, министерот за одбрана на Словенија, Андреја Катиќ и со потсекретарот за одбрана на Италија, Доменико Роси.
На Сеопфатниот министерски состанок учество ќе земат министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и Словенија, Босна и Херцеговина, Турција, Молдавија, Албанија, Италија, Бугарија, Црна Гора, Романија, заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД, РАКВИАК, Обединетите Нации и други.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
