Јордански војник осуден на доживотен затвор за убиство на тројца американски офицери

орданскиот војник Мани ал-Тувахја е осуден денеска од воениот суд во Аман на доживотен затвор со тешка работа под обвинение за убиство на тројца американски офицери, кои престојувале во Јордан за обука на припадниците на армијата.
Инцидентот се случи во ноември минатата година во јорданската воздухопловна база Ал Џафр.
Во текот на судскиот процес, обвинетиот војник тврдел дека не е виновен за убиство со предумисла кое однапред било планирано, како што беше официјалното обвинување на обвинителството.
Тој се бранел дека пукал по тројцата Американци откако нивното возило „навлегло во базата“.
Едниот од американските обучувачи беше убиен на самото место на инцидентот, додека другите двајца починаа подоцна во болница.
Јорданските власти во првичното објаснување по инцидентот, соопштија дека американските офицери биле убиени кога нивното возило не застанало пред влезот на базата.
Ново на Сител
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
-

Ново археолошко богатство кај Корошишта
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
