ЈОРМ ќе следи и ќе реагира на евентуални изборни нерегуларности
Комисијата за следење на изборни нерегуларности на Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ) што беше формирана во март годинава продолжува со работа. Формирањето на комисијата, посочуваат од ЈОРМ, е во насока на заштита од криминални или други против законити дејствија и за следење на евентуални изборни нерегуларности што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори.
Со Комисијата претседава јавен обвинител од ЈОРМ, а членови се четворицата виши јавни обвинители и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
- Тие се задолжени да го следат изборниот процес и притоа за сите настани за кои ќе оценат дека даваат индиции за евентуално сторени изборни нерегуларности да даваат задолженија за итно постапување од страна на основните јавни обвинителства. Формирањето на комисијата е дополнително преземена мерка, која се одвива паралелно со досегашниот начин на следење на изборните процеси преку воспоставување на посебни дежурства на јавни обвинители во обвинителствата, која продолжува и за овој изборен процес, велат од ЈОРМ.
Привремената Комисија за следење на изборни нерегуларности при ЈОРМ денеска одржа работна средба во насока на зајакнување на активностите поврзани со изборниот процес за претстојните избори.
- Целта на средбата беше да се утврди начинот на меѓусебното комуницирање во насока на превенирање и постапување по противзаконити дејствија што евентуално би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборниот процес на 11 декември 2016 година, посочуваат од ЈОРМ.
Во функција е и електронската адреса izbori@jorm.gov.mk на која граѓанските организации, но и граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за сторени кривични дела поврзани со изборите.
- Сите пријави испратени на izbori@jorm.gov.mk веднаш ќе бидат проследени до комисијата, која предметите ќе ги упатува на итно постапување кај надлежен јавен обвинител. Дополнително, комисијата на дневна основа ќе ги следи сите информации објавени во медиумите и при евентуални известувања за изборни нерегуларности ќе формира предмети и по допрен глас, потенцираат од ЈОРМ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Димитровска, претседател на ДКСК
-
Фирмите за унгарскиот кредит ќе аплицираат од јануари
-
Таравари го оцени македонското здравство со “осмица”
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет
-
Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени со Ин витро – КСЗД утврди дискриминација