Јошинори Осуми добитник на Нобеловата награда за медицина
Јапонецот Јошинори Осуми е годинешниот добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина за откривање на механизмите на автофагија - процес за разградување и рециклирање на клетките.
Автофагијата е од првостепена важност за истражување на обновувањето на клетките и реакцијата на организмот на глад и инфекции.
- Мутациите на гените на автофагијата можат да предизвикаат болести и процесот на автофагијата учествува во многу заболувања, како што се ракот и невролошките болести, нагласи Нобеловиот комитет.
Лауреатите за Нобаловата награда за физиологија или медицина ги определува Кралскиот Каролински медицинско-хируршки институт во Стокхолм. Наградите ги врачува кралот на Шведска на церемонија на 10 декември, кога е годишнина од смртта на основачот на Нобеловата награда, Алфред Нобел.
Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и парична сума од 830.000 евра.
Првата Нобелова награда за физиологија или медиција му е доделена во 1901 година на Германецот Елим Адолф фон Беринг „за откривање на серумска терапија, која специјално се употребува при дифтерија, со што се отвора патот за медицинската наука и им дава на лекарите победничко средство против болеста и смртта“.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор