Тенис
21. July 2016 - 15:19

Јотовски четвртфиналист на фјучрсот во Белград

 
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски избори четвртфинале на фјучрс турнирот што се одржува во српската метропола Белград за награден фонд од 10 илјади долари.
 
Јотовски денес во осминафиналето за нешто помалку од два часа игра го совлада Мануел Пена Лопез од Аргентина со 2-0. Во првиот сет Македонецот на својот ривал му препушти само два гема (6:2), а во вториот беше 6:3.
 
Попладнево македонскиот тенисер со својот партнер Дарко Јандриќ од Србија ќе играат меч во двојки протива српските тенисери Небојша Периќ и Страхиња Ракиќ.