Тенис
16. August 2016 - 14:05

Јотовски поуспешен од Србљак во Суботица

Во дуелот на македонските тенисери на фјучрсот во Суботица во 1.коло Томислав Јотовски го победи Горазд Србљак со 2:0 во сетови (6:2 и 6:2) за 109 минути игра.

Голема борба имаше во третиот гем од првиот сет, кој му припадна на Јотовски. Тој имаше и серија од 9-1 во гемови во двата сета (во вториот имаше водство од 5-0).
Следен ривал на Јотовски ќе му биде победникот од мечот на српските тенисери Петар Цонкиќ и Рајко Младеновиќ.
Јотовски попладнево со Дарко Јандриќ ќе играат во 2.коло во конкуренција на двојки противници им се Хирамацу и Вакита од Јапонија.
Србљак пак вчера заедно со Александар Лазаров од Бугарија направија изненадување со победата над првите носители браќата Иван и Матеј Шабанов од Хрватска со 6:4 и 6.3 во сетови.