Тенис
9. September 2016 - 15:22

Јотовски запрен во четвртфиналето на Златибор

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски е елиминиран во четвртфиналето на фјучрс турнирот на Златибор. Тој денеска го загуби мечот од четвртиот носител Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина (605.место на АТП листа) со 2-0 во сетови (6:2 и 6:1). 
Противникот успешно ја постави играта и едноставно чекаше на грешките на Јотовски, кој поради повредата немаше доволно мечеви во последниот период. Мечот траеше 84 минути. Јотовски за двете победи ќе освои два поена.
Следната недела нашиот тенисер го очекува настап и на фјучрсот во Ниш.