Joвановски: Кризната состојба во „Идризово“ ќе трае додека не се вработат нови затворски полицајци
Додека трае приправничкиот стаж на големиот број на затворски полицајци кои немаат добиено решение за редовно вработување, ќе трае кризната состојба на територијата на затворот „Идризово“, изјави директорот на затворот, Зоран Јовановски.
Кризната состојба беше прогласена во јуни изминатата година со цел спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата која произлезе од недоволниот кадар во затворот.
Во моментов се чека на согласност од Министерството за финансии за вработување на нови припадници на затворската полиција, во меѓувреме „Идризово“ го обезбедуваат Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија.
Во врска со моменталните услови во затворот, пред денешниот настан „Борба против тортура и нехуман третман“ Јовановски информираше дека се прави реконструкција, меѓутоа сѐ уште има пренатрупаност.
- Се прави реконструкција, односно санирање на некои оштетувања во полуотворено и отворено оделение, а во затворено се објектите што се наследени и таму се подобруваат условите за сместување во однос на капацитетите, меѓутоа сѐ уште имаме пренатрупаност.
Тој дополни дека, со цел да се избегнат инциденти управата на затворот перманентно презема акции на претреси и одзема недозволени предмети, како што се ножеви, шрафцигери, клешти и слично и информираше дека побарале повеќе скенери.
- Ние како Управа имаме побарано да се зголеми бројот на скенери и до ден денес од релевантните институции кои треба да ги набават тие скенери сѐ уште немаме никаков одговор, рече тој.
Ново на Сител
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини