Јовановски: ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се одржат предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се одржат нови предвремени парламентарни избори, рече денеска на прес-конференција Крсте Јовановски.
Според него, граѓаните ја прочитаа перфидната политика на СДСМ и се чувствуваат измамени. Затоа се помасовно излегуваат на улиците во градовите низ Македонија. СДСМ, пак, бега и се плаши од распишување локални избори, знае дека народот жестоко ќе ги казни.
- Гласот на народот мора да се слушне. Зоран Заев треба пред граѓаните да излезе со тиранската платформа што сака да ја реализира, наместо да им ја подметнува пост изборно како кукавичко јајце. Во спротивно револтот ќе расте и секој ден се повеќе и повеќе граѓани ќе го изразуваат својот гнев од антидржавниот и сервилен однос на аболицираниот криминалец Зоран Заев, истакна Јовановски.
Тој уште еднаш нагласи дека т.н. тиранската платформа е против уставна и нејзиното прифаќање, како што додаде, ја втурнува Македонија во процес на федерализација и растурање на државата.
- Тиранската платформа ја разнебитува државата и од мултиетничка ја претвора во бинационална, претставува класична уцена и со неа се поткопува и руши уставниот поредок во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли и остро се спротивставува на нејзиното реализирање, подвлече Јовановски, дополнувајќи дека раководството на СДСМ во целост ја има прифатено платформата што е потврдено и од нејзиниот пратеник Мухамед Зекири.
- Зекири јавно, пред преставник на ДУИ, рече дека СДСМ се согласува со точките од платформата. Затоа целосно се излишни секаков вид натамошни изговори и измислици со кои ќе се обидат да ја релативизираат реалноста, заклучи Крсте Јовановски.
Ново на Сител
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
