Македонија
6. October 2021 - 19:53

Јовески за Сител: Извештајот од вештачењето е дел од доказите кои ги прибира Обвинителството

Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово е дел од доказите кои ги прибира Обвинителството. 

Ова вештачење дава одговор на само дел од аспектите кои се потребни за расчистување на настанот. Се очекува да пристигне и извештајот од експертскиот тим од Германија.

Секако, во Обвинителството интензивно се прибираат и други вештачења, документација, податоци, сведочења. Сите тие ќе бидат предмет на разгледување и анализа, секој одделно и во соодејство , по што обвинителите ќе донесат одлука за натамошниот тек на постапката.

-Целта на нашето работење е да се проверат сите аспекти на настанот и да се утврди вистината и точната причинско последична поврзаност за настанување на овој трагичен настан, вели за Сител, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески.

 

Зоран Јаневски