ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 1800 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на територијата на градот Скопје.
Како што информираат од ЈП Комунална хигиена било интервенирано на улиците: „Христо Батанџиев“, „Воин Драшковиќ“ и „Борис Сарафов“ во скопската Општина „Ѓорче Петров“, на улиците „Васил Чакаларов“ и „Теодосие Гологанов“, како и во населбата Жданец во општината „Карпош“, на паркинг просторот пред скопските гробишта во општината Бутел, на повеќе локации во општините Аеродром и Кисела Вода, на улиците: „Вуковарска“, Џон Кенеди“ и на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во општината Чаир, како и на булеварот Партизански одреди во скопската општина Центар.
Воедно, за време на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа приближно 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица) спроти Амбасадата на САД.
Ново на Сител
-
Собранието ја почнува седницата за избор на новата влада предложена од Мицкоски
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“
-
Неделен возен ред на јавниот превоз, ќе работат и билетарниците
-
Штајнмаер: Никогаш немало потешко и поважно време за борба за Европа
-
САД наредија затворање на руските визни центри во Вашингтон и Њујорк
-
ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија
-
Сончево и многу топло, до 40 степени