ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје (КХС) подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците „Перо Наков“ во општината Гази Баба, „Џон Кенеди“ во општината Чаир, како и „Гвадалахара“ во општината Шуто Оризари, информираат од јавното градско претпријатие.
Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, како што велат, минатата недела изготви 19 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто по шест записници се врачени на територијата на скопските општини Чаир и Карпош.
- ЈП „Комунална хигиена“-Скопје изврши целосно расчистување на теренот по обемната сообраќајна незгода лоцирана на главната улица во општината Ѓорче Петров, како и чистење и посипување со песок во непосредна близина на маркетот „Томи“ во општината Кисела Вода, каде што беше забележано излевање на големо количество масло на коловозот, прецизираат од КХС.
Апелираат да престане масовното одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини што, посочуваат, директно ја загадува животната средина и го загрозува јавното здравје.
- Апелираме мешаниот комунален отпад да се одлага исклучиво во наменски поставените садови, додека Претпријатието продолжува на граѓаните да им ја нуди можноста својот кабаст отпад бесплатно да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, од 07 до 19 часот, нагласуваат од КХС.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
