ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари

Вработена во јавното претпријатие „Водовод“ Куманово е пријавена за проневера на пари, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Од СВР Куманово потврдија дека писмено било пријавено од страна на јавното претпријатие „Водовод“ за наводна проневера на пари. Оттаму соопштуваат дека истрагата е во тек.
-При спроведување на годишен попис за 2024, забележано е несовпаѓање во сметководствена документација (каса прими). Пописната комисија направи детална анализа, проверена е целосна документација на главна благајна и утврдени се неправилности во работењето. Комисијата детално ги утврди неправилностите, односно увиде дека дел од средствата од главната благајна не се внесени во банка. По констатирање на неправилностите, случајот е пријавен во полицијата во отсек за економски криминал. Очекуваме брза разрешница и им стоиме на располагање на надлежните институции. Граѓаните, наши корисници не се оштетени, сите кои си платиле сметки се евидентирани и си стојат нивните платени сметки. Штета нема врз граѓаните и правните субјекти, туку исклучива е на јавното претпријатие, изјави директорот на ЈП Водовод, Оливер Стојмановски.
Денеска преку соопштение реагираа од локалната СДСМ од каде побараа од градоначалникот да одговори кои мерки се преземени за да се спречи кражба од јавните претпријатија, има ли механизам за контрола, какви кадри се вработуваат и какво е нивното образование и стручност.
Ново на Сител
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
-

Одложена јавната расправа во скопска Aпелација по жалбата на осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
