ЈПДП: ДГ „Бетон“ ќе го обвновува патот Ропајце-Матејче-Липково

Прифатена е понудата од 3 јули годинава на градежната компанија Бетон ад Скопје за реконструкција на државниот пат P2133, делница Ропајце-Матејче-Липково, соопшти денеска в.д директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Зоран Китанов, преку владината служба за информирање.
Договорената цена со вклучено ДДВ изнесува 106.490.436, 51 денари.
- Изведувачот ДГ Бетон ад се обврзува по склучувањето на договорот да ги изведе и заврши работите на изградбата, како и да ги отстрани сите недостатоци на делницата предвидена за реконструкција. Временскиот период кој го опфаќа договорот е 40 месеци од денот на неговото потпишување, вклучувајќи и можни скратувања или продолжувања согласно посебните и општите услови на Договорот, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
