Македонија
30. July 2022 - 14:47

ЈПДП: Сите постапки за јавни набавки се согласно со закон и процедура

Јавното претпријатие за државни патишта работи согласно со законска легислатива, а за градбите кои се финансирани со грантови или со заеми од меѓународните финансиски инститиции се изведуваат согласно со нивните правила и процедури.

Исто така, сите договори склучени од страна на ЈПДП се јавно достапни согласно со нашата легислатива или согласно со правилата и процедурите на меѓународните финансиски институции.

Во врска со наводите изнесени деновиве во јавноста кои се однесуваат на одредени постапки за јавни набавки направени од страна на Јавното претпријатие за државни патишта известуваме дека сите постапки што се спроведуваат се согласно со Закон и процедура.

Во наведениот случај постапките се согласно со Закон за јавни набавки каде што точно е пропишано како се спроведува процедурата за јавна набавка.

Со почит,

Јавно претпријатие за државни патишта