ЈСП ги повлече хартиените автобуски билети

Хартиените автобуски билети за 10 возења од денеска веќе не може да се купат во билетарниците. ЈСП- Скопје ги повлече од продажба неколку дена пред истекот на нивната важност. Граѓаните кои с уште имаат хартиени билети ќе мора да ги искористат најдоцна до 1 септември, кога стартува и електронската наплата во автобусите.
Како што и претходно беше најавено, од 1 септември целосно се укинуваат хартиените билети. Сите граѓани кои се возат со јавниот превоз, задолжително ќе мора да користат персонализирана или непресонализирана СКОПСКА картичка, која ќе важи и за државните и за приватните автобуси.
Покрај со СКОПСКА картичка, граѓаните ќе може да плаќаат во автобусите и со мобилен телефон. Валидацијата со мобилен телефон ќе се врши преку таканаречен пренос на податоци преку звучна комуникација меѓу мобилниот телефон и валидаторот, а плаќањето е со вртење на бесплатниот телефонски број 185.
Со единствениот тарифен систем за јавен превоз во Град Скопје, цените на услугите на ЈСП- Скопје и приватните превозници ќе се изедначат.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
