ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст

Средношколците и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП Скопје за време на летниот распуст доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз.
- Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука...“, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие.
ЈСП Скопје информира и дека од утре (11 јуни) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред и оти на веб-страницата www.jsp.com.mk е достапен распоредот на сообраќање на автобусите на сите линии (градски и приградски) и согласно тој возен ред е достапен планерот на новата веб-страница https://skopjebus.mk/mk.
Ново на Сител
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Мицкоски: Ќе почекаме до седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција
-

Протести во Краљево против претседателот Вучиќ
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
