Јубилејна ретроспективна изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“
Околу 70 дела работени во разни техники на платно и панел од македонскиот уметник Петар Мазев ќе бидат поставени на отворањето на ретроспективната изложба по повод 90 години од неговото раѓање во објектот Даут пашин амам, во организација на Националната галерија на Македонија.
Отворањето на изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ е на 2 ноември и ќе биде достапна за посетители до средината на јануари.
Маја Неделкоска Брзанова, еден од организаторите на изложбата, на денешната прес-конференција, рече дека изложбата е составена од дела кои прават пресек на творештвото на Мазев, следејќи го неговиот развој и пат, од самите почетоци на 50 години од минатиот век се до неговата смрт 1993 година.
- Тоа се пред се дела кои на ликовната јавност се малку или воопшто не се познати, дела кои малку или воопшто не биле изложувани. Тие условно следат временски дискурс следејќи го неговиот развоен пат како автор и ослободувањето на неговиот гениј, изјави Брзанова.
Посочи дека делата застапени на изложбата се позајмени од Музејот на современата уметност во Скопје, Заводот и музеј Охрид, Културно информативниот центар од Скопје, Центарот за култура Антон Панов од Стрмица и голем број на приватни колекционери.
Директорката на Националната галерија на Македонија Дита Старова Ќерими, рече дека благодарение на Министерството за култура и фондацијата Илија Камчев јубилејната изложба ќе биде отворена во објектот Даут пашин амам со обновена светлосна и просторна инсталација.
Изложбата има и монографско издание на 240 страници, со текстови на Соња Абаџиева, Викторија Васева Дамеска, Владимир Величковски, Конча Пиркоска и Мирјана Талеска.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори