Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Петте најнеразвиените региони во Европа според Индексот на човечки развој се на Балкан, додека Југоисточниот регион на земјава (0,722) е најнеразвиената област во цела Европа. Најразвиените области на Европа се наоѓаат во западната половина на континентот, каде највисок индекс има Цирих (0,989).
Индексот за човечки развој е композитен индекс на Канцеларијата за извештаи за човечки развој на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и се користи за мерење на развојот на една земја, врз основа на показателите за очекуваниот животен век, образованието и приходот по глава на жител. Овој индекс најчесто се пресметува на национално ниво, а Глобалната лабораторија за податоци на холандскиот Универзитетот Нијмеген Радбауд го пресметала на ниво на региони по држави за 2021 година, пренесува Ландгејст.
Врз основа на Индексот за човечки развој, Европа е најразвиениот континент во светот, при што сите региони имаат или висок или многу висок индекс.
По Југоисточниот регион на земјава, втор најнеразвиен регион од Европа се наоѓа во Бугарија – Северозападен регион со 0.739, по што следат Централен регион (Молдавија) и Североисточниот регион (Северна Македонија) со по 0.742 и Гљилане (Косово) со индекс 0.743. И покрај ваквата позиција во Европа, овие региони имаат висока оценка, особено во споредба со остатокот од светот.
Најразвиените области на Европа се наоѓаат во Швајцарија – Цирих (0.989), Норвешка – Осло (0.990), Велика Британија – Лондон (0.973), Германија – Хамбург (0.972) и Шведска – Стокхолм (0.972).
Ново на Сител
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
-

ЈПДП: Ја подобруваме безбедноста и функционалноста на мостот на Маркова Река
-

ЈОРСМ: Поднесено обвинение за злоупотреби во АД „Државна лотарија“, за Груби побарно продолжување на мерката куќен притвор
