„Јунајтед ерлајнс“ отпушта речиси 600 невакцинирани работници
– Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“, која на почетокот на август побара од сите свои вработени во САД да бидат вакцинирани против Ковид-19, соопшти дека се подготвува да отпушти 593 лица кои не приложиле доказ дека се имунизирани.
Од вкупно 67.000 вработени во компанијата, помалку од три проценти (околу 2.000 луѓе) побарале да бидат ослободени од обврската поради медицински или верски причини. Над 99 проценти од останатите избрале да се вакцинираат.
– Побаравме од сите наши вработени во САД да се вакцинираат од една едноставна причина: да ја гарантираме безбедноста на нашиот персонал. Вистината е, дека сите се побезбедни кога сите се вакцинирани, и барањата за имунизација функционира, изјавија извршниот директор Скот Кирби и претседателот на компанијата Брет Харт.
За 593 вработени кои не доставиле доказ за вакцинација, компанијата ќе започне процес на отпуштање согласно процедура договорена со синдикатите.
Ново на Сител
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
-

Повторно се одложи судењето за прегазениот Јорго Ќука, обвинетиот сменил адвокат
-

Николовски: Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорот 8 ќе чини 5 милијарди евра
