Јуни бил потопол од вообичаеното за два степена

Средномесечните температури на воздухот во текот на јуни во Македонија се повисоки од просечните за еден до два степена, покажуваат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Повисоки за два степени се и средномесечните максимални и минимални температури, соопшти УХМР.
Средномесечните температури на воздухот во текот на месец јуни во Репбулика Македонија се движеа од 16.3 степени во Лазарополе до 25.2 степени во Гевгелија (17.0 степени во Маврово, 18.4 степени во Битола, 19.9 степени во Скопје, 23.4 степени во Штп, 23.5 степени во Струмица и 24.3 степени во Демир Капија).
Значително високи вредности на максималните темеператури се регистрирани во цела Македонија во втората и третата декада од месецот кои достигнаа до 39.1 степени во Гевгелија. Сепак, апсолутните вредности на максималната температура за месец јуни не беа надминати.
Измереното месечно количество на врнежи во јуни 2016 изнесува од 19 мм во Гевгелија до 69 мм во Берово (21 мм во Битола, 24 мм во Д.Капија, 33 мм во Скопје, 34 мм во Лазарополе, 38 мм во Струмица, 40 м во Охрид, 42 мм во Прилеп, 44 мм во К.Паланка, 48 мм во Штип и 62 мм во Маврово).
Измерените количини на врнежите се просечни или малку под просекот за многугодишен период.
Исто така, бројот на денови со појава на врнежи е во рамките на просечните вредности, а вредностите на дневниот максимум на врнежи не се надминати
Ново на Сител
-

Струмица ќе инвестира 30 милиони денари во нов озонатор за фабриката за вода
-

Иран им се заканува на земјите што ја поддржуваат „економската војна“ на САД
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
