Јункер: ЕК е подготвена да и помогне на Грција по поплавите
Европската комисија е подготвена да овозможи каква било помош за Грција по деструктивните поплави во западна Атика, изјави претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.
- Со жалење дознав дека многу луѓе ги изгубиле своите животи и своите најмили во смртоносните поплави што го зафатија централниот дел на Грција, наведува Јункер во соопштение и додава дека во име на целата Европска комисија сака да изрази солидарност со грчкиот народ и властите.
- Трагедијата во која било држава, наша членка е трагедија за цела Европа и подготвени сме да ја поддржиме Грција на кој било начин, додаде тој.
- Нашите инструменти за итна помош се во целост на располагање на грчките власти, истакна Јункер.
Во поплавите во близина на Атина загинаа 15, а повредени се 17 лица.
Според Генералниот секретаријат за цивилна заштита, меѓу загинатите се 10 мажи и пет жени, додека 11 мажи и шест жени се повредени.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас прогласи национална жалост.
- Ова се многу тешки моменти за Грција. Преживуваме голема катастрофа, рече Ципрас во обраќањето до јавноста.
Тој наведе дека веднаш и без одложување ќе бидат усвоени мерки за поддршка за загрозените домаќинства и претпријатија.
Ново на Сител
-
Се води постапка против полицаецот кој не дозволи да се крене возилото на велосипедска патека
-
Мицкоски и Филипче отворени за лидерска средба со други партии, ДУИ обвинува за моноетнички состанок
-
Индиректните ефекти од царините на Трамп ќе ја погодат македонската економија
-
Руте: Тарифите на Трамп не го прекршуваат договорот за НАТО
-
Кешишев: Дупката за Вања ја копаа пред да биде убиена
-
Директорката на инспекторатот за животна средина го демантираше градоначалникот на К. Паланка: Немаше цијанид во Крива Река
-
Студентите бараат поевтини автобуски карти за градовите од внатрешноста до Скопје и назад
-
Уште една жртва на пожарот во Кочани