Јункер: ЕК е подготвена да и помогне на Грција по поплавите
Европската комисија е подготвена да овозможи каква било помош за Грција по деструктивните поплави во западна Атика, изјави претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.
- Со жалење дознав дека многу луѓе ги изгубиле своите животи и своите најмили во смртоносните поплави што го зафатија централниот дел на Грција, наведува Јункер во соопштение и додава дека во име на целата Европска комисија сака да изрази солидарност со грчкиот народ и властите.
- Трагедијата во која било држава, наша членка е трагедија за цела Европа и подготвени сме да ја поддржиме Грција на кој било начин, додаде тој.
- Нашите инструменти за итна помош се во целост на располагање на грчките власти, истакна Јункер.
Во поплавите во близина на Атина загинаа 15, а повредени се 17 лица.
Според Генералниот секретаријат за цивилна заштита, меѓу загинатите се 10 мажи и пет жени, додека 11 мажи и шест жени се повредени.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас прогласи национална жалост.
- Ова се многу тешки моменти за Грција. Преживуваме голема катастрофа, рече Ципрас во обраќањето до јавноста.
Тој наведе дека веднаш и без одложување ќе бидат усвоени мерки за поддршка за загрозените домаќинства и претпријатија.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски