Јункер: ЕУ има потреба од дијалог со Русија на еднакви начела

ЕУ има потреба од отворени канали за дијалог со Москва, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во денеска објавеното интервју за германскиот весник „Ханделсблат“, пренесе ТАСС.
- Толку голема држава како Русија не треба едноставно да биде нарекувана регионална држава, дури и да е ослабена, рече Јункер.
„Необходни ни се канали за дијалог со Москва“, додаде тој.
Тој изјави дека Брисел за неприфатливи ги смета приклучувањето на Крим кон Русија и кризата во источна Украина.
- Ние јасно зборуваме за тоа, но истовремено имаме потреба од однос на почит со Русија, изграден на еднакви начала, изјави Јункер.
Јункер изјави дека воведувањето на смртната казна од страна на Турција ќе значи прекин на преговорите за приклучување кон ЕУ. Враќањето на смртната казна ќе биде „апсолутната црвена линија“. Тоа нема ништо заедничко со европските вредности.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
