Јункер и Казнев: Брегзит не смее да биде подобар од членство во ЕУ
Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и францускиот премиер Бернар Казнев ја предупредија Британија дека условите за преговори за излез на таа држава од ЕУ не може да бидат подобри од оние што ги дава членство во Унијата.
– Прво мораме да разговараме за условите во кои ќе се спроведе напуштањето, и тоа во временска рамка предвидена за разговори, без губење време, изјави Казнев по разговорите со Јункер во Брисел. Францускиот премиер додаде дека притоа треба да се одбранат интересите на ЕУ таа држава што напушта да не може да има корист од подобар режим од оној на државите членки.
Слично предупредување до Лондон упати и Јункер.
– Договорот што еден ден ќе и се понуди на Британија не смее да има толку предности како што има члеснтвото, изјави Јункер.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло