Јункер: На Европа и се потребни подобри врски со Русија
Европа мора да ги подобри врските со Русија и не смее да дозволи за тоа да одлучува Вашингтон, ијзави денеска претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
ЕУ минатата година се приклучи кон САД во воведувањето на санкции кон Москва по припојувањето на Крим со Русија, а санкциите беа дополнително заострени по интензивирање на судирите во источна Украина.
Врските меѓу Москва и Западот дополнително се ослабнати, откако претседателот на Русија Владимир Путин почна со бомбардирање во Сирија.
Москва тврди дека нејзините авиони гаѓаат цели на Исламска држава, додека Западот верува дека цел се противниците на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Јункер нагласува дека тензиите мораат да бидат ублажени, иако тој став не е сосема популарен.
- Мораме да направиме напори за да оствариме практични односи со Русија. Тоа можеби не звучи привлечно, но тоа мора да се стори, вака не можеме понатаму, изјави претседателот на ЕК.
Ново на Сител
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик
-
Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот