Јункер се залага за формирање на заедничка европска војска

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска во Алпбах, Австрија изјави дека се надева на понатамошна интеграција на Европска унија, додавајќи дека е неопходна заедничка надворешна и одбранбена политика, бидејќи во спротивно ќе биде загрозена улогата на Европа во светот.
- Конечната цел треба да биде заедничка европска војска, која не би била класична офанзивна војска. За тоа не би требало земјата да биде членка на НАТО, со цел некои држави да немаат проблем, посочи Јункер.
Тој додаде и дека и понатаму е можно ЕУ, како што е планирано на 1. октомври да одобри визна либерализација со Турција. Јункер ја предупреди Турција дека во борбата против тероризмот не смее да ги користи невините научници и да затвора новинари.
- Неопходно е да се исполнат сите услови на ЕУ за укинување на визите. Ако не дојде до визна либерализација, претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе мора да му објасне на своите граѓани зошто не можат слободно да патуваат во ЕУ, истакна Јункер.
Тој на отворањето на Форумот Алпбах се осврна и на бегалската криза, предупредувајќи на опасноста од занемарувањето на бегалците.
- Правите бегалци кои бегаат од насилство и терор мора да уживаат максимална солидарност од ЕУ. Со бегалците во ЕУ дојдоа и терористите, но многу од нив и претходно беа тука и родени се во Белгија, во Брисел, во Париз и во Кан. Тие пораснаа во нашето општество, потенцира Јункер.
Претседателот на ЕК осврнувајќи се на Брегзит нагласи дека се работи за „не така убав момент“ кој треба да се надмине.
- Нашите британски пријатели мора да знаат дека нема да имаа пристап до заедничкиот пазар, ако не обезбедат слободно движење на работната сила, посочи Јункер.
Ново на Сител
-

Уапсено лице од валандовско, поседувал ловечка пушта без дозвола
-

Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1322 сообраќајни прекршоци, уапсени 32 лица
-

Денеска два астрономски спектакла - помрачување на Сонцето и метеорски дожд, ќе бидат видливи и од Македонија
-

Почина 83-годишен пациент заразен со западнонилска треска
-

25% од учениците на 15 и 16 години се коцкале за пари во последната година
-

УХМР најавува невреме: Пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
