-->
-->
Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
-->

Собранието на Косово ја избра Јустина Широка Пуља, претседателка на Академијата на науките и уметностите на Косово, за претседателка на Косово, што е претежно церемонијална функција, непосредно пред истекот на уставниот рок, со што се избегнуваат нови предвремени избори.
Нејзин противник беше универзитетската професорка Елиза Хоџа.
„Овој мандат не припаѓа само на една личност. Тој им припаѓа на нашите граѓани. Јас ќе бидам претседателка на сите граѓани“, рече Широка Пуља по гласањето.
Во парламентот со 120 места, 81 пратеник гласаше за неа, еден повеќе од потребниот број.
Широка Пуља беше предложена од премиерот Албин Курти за претседател на Косово, неколку часа пред истекот на рокот за избор на претседател на 6 октомври.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
-

Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана
-

Променливо облачно со засилен ветер кој на места ќе надминува 60 км/h
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
