Јутјуб „ѕвезда“ предизвика скандал на социјалните мрежи
Благодарение на интернтот во светот денес постојат голем број „ѕвезди“, кои прекѕ нивните профили на социјалните мрежи заработуваат илјадници долари.
Една од најпознатите меѓу нив е Зоила Саг (25), која има голем број фанови и следбеници како резултат на нејзините туторијали.
Но, овој пат Саг предизвика вистински мал скандал, откако на Снапчет објави фотографија на која се гледа нејзината долна облека.
На оваа реагираа многу незадоволни фанови, кои изразија разочараност на ваквото однесување на познатата блогерка.
- Многу ми е жал што мојата помлада сестра се угледува на тебе. Ова е срамота, е само еден од негативните коментари на Твитер.
На ова потоа се надоврзаа медиумите, па така британскиот таблоид „Сан“ кој оцени дека Зоила објавила „скандалозна“ фотографија и дека на овој начин „ја загубила невиноста“.
- Идиоти, се занимавате со мојата пижама додека сериозни работи се случуваат во светот, порача Зоила преку нејзиниот Твитер.
Но, сите немаа негативни коментари. Голем број фанови и испраќаа пораки на поддршка и се шегуваа со целата случка. ви/сп/13:08
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден