-->
-->
Јувентус на бод од освојување на судетото
-->
Фудбалерите на Јувентус се на бод од одбрана на шампионската титула во фудбалското првенство на Италија.
Во мечот од 35.коло на Серија А, одигран синоќа во Фиренца, екипата на Јувентус ја победи Фиорентина со 2:1 и на три кола до крајот има 12 бодови повеќе од второ пласираниот Наполи кој има и средба помалку.
„Старата дама“ поведе со голот на Хрватот, Марио Манџукиќ во 39-минута што беше актуелен резултат се до завршните десет минути. Најнапред неговиот сонародник Никола Калиниќ во 81-тата го израмни разултатот, а две минути подоцна (83), Мората го постигна вториот гол за Јувентус за 2:1. Калиниќ имаше шанса да постигне и втор гол за „виолетовите“, но откако во 88-минута неговиот удар од пенал го одбрани Џиџи Буфон. За хрватскиот репрезенттивец да го понесе приматот „трагичар на мечот“ во 94-минута Калиниќ ја погоди гредата од голот на Јувентус.
Дали Јувентус уште вечерва ќе се радува на петата во низа, вкупно 32-ра титула шампион на Италија, останува да го сочека исходот од мечот во кој второ пласираниот Наполи гостува кај трето рангираната Рома.
За денеска закажани се и натпреварите, Верона – Милан и Карпи – Емполи.
Табела: Јувентус 85 бода, Наполи 73, Рома 68, Интер 64, Фиорентина 59, Милан 53 ...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Директорот на БЈБ на Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка
-
Напад со секира во француски воз: Четворица повредени, двајца во тешка состојба
-
Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море поради безбедносни ризици
-
Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
-
Приватните превозници бараат состанок со ЈСП за покачување на цената за километар и се обврзуваат старите автобуси да ги заменат со нови еколошки
-
Без вода утре делови од Сарај и Карпош
-
Кривична пријава против поранешни вработени во МВР за „оддавање службена тајна“, ја користеле познатата SKY/ECC апликација
-
Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини во подршката за палестинскиот и либанскиот народ