-->
-->
Јужна Кореја објави крај на епидемијата од МЕРС
-->

Јужнокорејскиот премиер Хванг Кјо-ан денеска објави крај на епидемијата на блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) во земјата.
Како што јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, 36 лица починале и 186 беа заразени од болеста, за која нема ниту лек, ниту вакцина.
- Откако направивме оценка на ситуацијата, медицинскиот персонал и Владата сметаат дека населението повеќе нема од што да стравува, истакна премиерот пред членовите на Кабинетот.
Епидемијата негативно се одрази врз растот на економијата во Јужна Кореја, намалувајќи ја потрошувачката. Поради избегнување на јавните места од страна на Јужнокорејците, продавниците, трговските центри, рестораните и кината забележале пад во продажбат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
-

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила
-

ЦЈЗ Скопје не најде доказ за труење со храна на ученици од кујната во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”
-

Општествено одговорни компании во Штип организираа крводарителска акција
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
