-->
-->
Јужна Кореја против повлекување на американската војска од државата
-->
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ја отфрли идејата за повлекување на американските војски од државата по потпишување мировен договор со Северна Кореја, јави Јонхап.
- Присуството на американски војски во Јужна Кореја е прашање поврзано со сојузот меѓу двете држави и нема никакаква корелација со потпишувањето мировен догвоор со Пјонгјанг, изјави Мун.
На историската средба на врвот во пограничното село Панминџон во петокот, Мун и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се договорија да работат на склучување мировен договор, со кој официјално ќе се стави крај на Корејската војна (1950 – 1953).
Во Јужна Кореја има стационирани 28,5 илјади американски војници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ