Македонија
11. March 2016 - 13:56

Јужнокрејската Армија во зголемена готовност поради хакерските напади од Пјонгјанг

Вооружените сили на Јужна Кореја се ставени во состојба на зголемена готовност поради зачестените хакерски напади од Сверена Кореја.

Како што јави Јонхап, јужнокорејското Министертсво за одбрана денеска одржа вонредна средба со претставници на Армијата, посветена на зголемената опасноста од хекерските напади.

- На средбата се разговараше за начините за справување со хакерските напади од Северот, изјави јужнокорејскиот заменик-министер за одбрана Хванг Ин-му.

Последниве денови во Јужна Кореја зачестија севернокорејските хакерски напади, при што главна цел беа смартфоните на високи воени и владини претставници и на службеници на разунавачките агенции.

- Воспставувањато на зајакната кибер безбеднист во одбранбената сфера е најзначајна цел во услови кога Северна Кореја има ангажирано над 6.800 луѓе за кибер војна преку постојани хакерски напади, додаде Хванг.