Кабинет на Ципрас: Мицотакис да не си игра со клучните национални прашања
Од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, преку соопштение одговараат на изјавата на лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис и бараат од него да биде сериозен и „да не си игра си клучните национални прашања”, јави дописничката на МИА од Атина.
– Не е доволно што господинот Мицотакис заборава дека во времето на неговата влада беше признаено постоењето „македонски јазик” во 1997 на конференција на ОН. Не е доволно што во неговото неодамнешно интервју за „Политико” доброволно отвори прашање за „автономистички сили” во Грција. Продолжува со опасниот лизгав пат, сега доброволно отворајќи прашање за „малцинство”, иако знае многу добро дека Договорот од Преспа комплетно го затвора и последниот прозорец за таква можност, соопштуваат од кабинетот на Ципрас и додаат дека „ПЈРМ и Заев мора внимателно и прецизно да се држат до договорот за да се интегрираат во НАТО и ЕУ“.
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори

